Ликовна уметност - категорија

карикатура повеќе

мн. карикатури
Вид збор: Именка, женски род
Цртеж во кој свесно се истакнати, зголемени и изобличени карактеристичните црти на некоја личност, предмет, настан или појава за да се постигне комичен или сатиричен ефект.
Англиски: caricature Албански: karikaturë

карикатурист повеќе

мн. карикатуристи
Вид збор: Именка, машки род
Сликар што црта карикатури.
Англиски: cartoonist

кип повеќе

мн. кипови
Вид збор: Именка, машки род
статуа
Англиски: statue

колаж повеќе

мн. колажи
Вид збор: Именка, машки род
Техника во сликарството и фотографирањето што cе состои во редење и спојување парчиња од разновиден материјал.
Англиски: collage Албански: kolazh

колорист повеќе

мн. колористи
Вид збор: Именка, машки род
Уметник за кој боите имаат важно место во уметничкото изразување.

колористика повеќе

Види и: колорит (м.)
(едн.) колористиката
Вид збор: Именка, женски род
колорит

колорит повеќе

(едн. ) колоритот
Вид збор: Именка, машки род
Општ тон што превладува и што предизвикува општ впечаток во соодносот на боите на една слика.
Англиски: coloring Албански: kolorit

копија повеќе

мн. копии
Вид збор: Именка, женски род
Тоа што е изработено по угледот на нешто.
Англиски: reproduction Албански: reproduksion, kopje

крајолик повеќе

(едн.) крајоликот
Вид збор: Именка, машки род
пејзаж, убав крај
Англиски: landscape

ксилограф повеќе

мн. ксилографи
Вид збор: Именка, машки род
Гравер на дрво, специјалист за правање фигури и слики во дрво.
Англиски: woodcarver Албански: ksilograf, gdhendës druri
Графичар што подготвува фотографски плочи.
Албански: ksilograf

кубизам повеќе

(едн.) кубизмот
Вид збор: Именка, машки род
Правец во сликарството кој ги сведува човечките ликови и предметите во природата на основните геометриски облици (квадрат, круг, коцка) како апстракција на природните облици.
Англиски: cubism

кубист повеќе

Види и: кубизам (м.)
мн. кубисти
Вид збор: Именка, машки род
Приврзаник на кубизмот, припадник на правецот кубизам.

купидон повеќе

мн. купидони
Вид збор: Именка, машки род
(мн. купидони) Мали деца со крилја претставени на сликите или градбите од ренесансата.
Англиски: Cupid
а - б - в - г - ж - и - к - л - м - н - о - п - р - с - т - ф - ц - ч - ш